(ФОТО) Ванда со новата експлицитна содржина направи хаос на Инстаграм

Сопругата на Мауро Икарди, Ванда, неодамна се најде во центарот на вниманието поради конфликт со Инстаграм.

Ванда објави провокативна фотографија на Инстаграм поради што на крајот беше избришана поради сексуална содржина.

Сопругата на Икарди беше многу лута и се пожали на оваа социјална мрежа дека не и е јасно зошто оваа фотографија, која доби над милион лајкови, е само избришана.

Сепак, правилата на Инстаграм се јасни во врска со ова прашање, но изгледа дека Ванда не се откажува од своите намери.

Таа синоќа повторно реши на Инстаграм да објави две разголени фотографии и да покаже како ужива на базен во својот дом во Париз.

Ванда доби скоро 700.000 лајкови за оваа објава, но многумина веруваат дека и овие фотографии ќе бидат избришани затоа што изгледа дека Ванда открила премногу.

„Оваа фотографија беше цензурирана од не знам од која причина. Живееме во 2021 година, а не во 1810 година “, рече Ванда која стави ѕвездичка на реобјавената фотка.