(ФОТО) Ванда Нара е циркус: Се разведува од Икарди, па и текна на Макси Лопес

Бракот на Ванда Нара и Мауро Икарди е пред крај, но познатата водителка и менаџерка не престанува да ги полни страниците на жолтиот печат.

Последната работа со која се истакна е објавата на Инстаграм на која во центарот на вниманието е нејзиниот поранешен сопруг Макси Лопес кого го остави токму поради Икарди кој тогаш беше близок семеен пријател. Минатиот викенд, тој го поминал со трите деца од бракот со Ванда и со својата сегашна партнерка Даниела Кристијансон.

Ванда одлучила јавно да му се заблагодари за тоа објавувајќи фотографија од семејството и емотикони со кои демонстрира љубов и благодарност.