(ФОТО) Sвездата на Јувентус го удри скапото Ферари во тешка сообраќајна несреќа

Бразилскиот фудбалер Артур Мело имаше тешка сообраќајна несреќа утрово во Торино.

Мело, кој пристигна во Јувентус од Барселона минатото лето во замена за Миралем Пјаниќ, го удри скапото Ферари, но за среќа, тој е добро и не претрпе сериозни повреди.

Бразилецот во моментов е повреден, поради што го нема во тимот на Јувентус, а се чини дека неговото враќање на терените ќе биде одложено поради овој инцидент.

Тренерот Масимилијано Алегри на прес -конференција пред денешното гостување во Специја истакна дека заздравувањето на Артур оди според планот и дека неговото враќање во тимот се очекува кон средината на следниот месец.