(ФОТО) Судиите „најдобри играчи“ на финалето: Македонци, секоја ви чест

Шпанија е старо-нов шампион на Европа во ракомет за мажи откако во големото финале играно во Стокхолм ја совлада Хрватска.

Правдата на овој меч ја водеа најдобрите македонски судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, а по сите оценки истите работата си ја завршија одлично.

Доказ за тоа е текстот објавена на „Балкан хендбал“ под наслов: Судиите „најдобри играчи“ на финалето: Македонци, секоја ви чест

Во почетокот на текстот се вели:

„Моментот кога Начевски во 59. минута досуди „чекори“ на Игор Карачиќ ќе влезе во антологијата на Европските првенства. Ни беше потребно „слоу моушан“ да сфатиме дека средниот бек на Хрватска тргна во лесен танц пред финтата каде што бројот на чекори одеше 5,6,7…

Целиот текст може да го проследите ТУКА.