(ФОТО) Стравична повреда за голманката на Ливерпул

Голманката на Ливерпул Фран Китчинг имаше стравична повреда за време на тренинг поради што го пропушти мечот против Бристол Сити.

Китчинг на Инстаграм сподели фотографии од настрадата глава, објаснувајќи што се случило и поради што не беше на голот на својот тим.

„Ова се случи на тренингот. Поради тоа не бев со девојките денес“ написа во описот на стравичните фотографии“, порача Китчинг и додаде:

„Ова е најлошата одбрана која сум ја имала како голман, но после се може да кажам дека се чувствувам добро и подготвена сум да се вратам во екипат. Девојките ги бодрам од дома, а наскоро се гледаме на тренинг“.

Таа доби голема расекотина на главата откако соиграчка ја ударила со копачка.