(ФОТО) Статистички кој беше најслаб македонски ракометар на ЕП

Европското првенство 2020 за селекцијата на Македонија е готово уште по првата фаза и нема по добро да го паметиме сооглед што ќе завршиме со најлош пласман во нашата историја.

Ден по поразот од Австрија, на ред е да започнеме да ги сумираме впечатоците. Во таа насока ќе започнеме од официјалната статистика на шампионатот.

Според истата, најслаб процент на реализација од редовите на Македонија имаше Филип Кузмановски кој даде само пет гола од 13 обиди или во превод 38 % реализација.

И без статистика општ впечаток е дека тој одигра разочарувачки, а неговите промашувања при ситуации еден на еден со противничките голмани делуваа фрустрирачки за гледачи.

Нашиот голман Борко Ристовски кој имаше 8 одбрани од 38 шута кон неговиот гол има 21 % успешни одбрани. За разлика од Кузмановски, Ристовски овој ефект го има на два меча сооглед на тоа што на првиот дуел против Украина не влезе во игра.