(ФОТО) Спортската сала во Куманово добива нов лик – ќе изгледа навистина импозантно

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски беше во посета на спортската сала која се реновира и објави како одат работите:

Денеска извршив увид во градежните активности на проектот за реконструкција на Спортската сала во Куманово кој што се реализира во неколку фази.

Во моментот во тек е фазата за целосна реконструкција на трибините, а претходно беше целосно реконструиран кровот на салата.

Во следните фази од проектот ќе следува поставување на нов професионален под на теренот според современи ФИБА стандарди, спортска опрема и реквизити за спортска сала, спортска опрема и реквизити за фитнес сала, повеќенаменски семафор за следење на резултат за првенствени натпревари, нови кошеви, голови и друга спортска опрема.

Дополнително се планира во иднина и реконструкција на тоалетите, соблекувалните, партерно уредување на просторот околу самиот објект и поставување на систем за греење и ладење.