(ФОТО) Спортот во Македонија пред колапс

Спортот во Македонија е пред колапс, да добро прочитавте. Со новиот закон за „ваучер системите“, државата за едни беше мајка, за други макеа. Клубовите го кренаа гласот, а грешката беше увидена и ветено дека ќе се поправи, но останаа само најави.

Како што е познато беше ветено дека до 15 септември ќе има уште една бран на ваучери за клубовите кои не добија. Но мина и овој датаму, па беше ветено до 1. октомври. Мина и овој датаму, а еве мина и пола од тековниот месец, а ни трага ни глас.

Клубовите, пред се од вторите лиги во кошарка, ракомет и фудбал кубурат. Се борат за гол живот, играчите неисплатени и незадоволство се поголемо.

Поради ова кошаркарските клубови од Сениорска Втора лига мажи и младински категории вчера испратија известување до КФСМ и АМСМ во кое велат дека се додека не добијат ваучери, тие нема да започнат со натпреварување.

Слична е и ситуацијата во ракометот кај второлигашите,  како и кај фудбалските клубови кај кои сезоната веќе е во поодмината фаза, а финансиските проблеми се големи токму поради ваучерот.

Неофицијално, причината за ова е ДУИ кој има свои барања. Една од причините за кои се говори е проблемот меѓу АМСМ и ФФМ, втората прчина е што наводно ДУИ сака да го преземе владеењето во АМСМ, а третата ДУИ сака парите од ваучерот да се делат по рамковен договор.

Како и да е, спортот е заложник на политиката чии канџии само може да му наштетат иако штетите веќе се видливи.