ФОТО: Спектакл каков што не памети Скопје – Вардар не го дава тронот од СЕХА

75

СЕХА лигата од година во година прераснува во се поголема и поголема, како квалитативно, така и организационо.

Годинава разврската на сезоната, односно завршниот Ф4 турнир се одржа во Скопје и дефинитивно може да се каже дека на организационен план беше најдобар до сега. Нашиот главен град виде досега невиден спектакл.

Згора на се титулата останува дома, Вардар повторно покажа надмоќ и сосема заслужено ја одбрани титулата. Стигнувајќи по четврти пат до овој трофеј.