ФОТО: Спалети на заминување ги „купи“ фановите на Наполи со уште еден гест за цел живот

Името на Лучијано Спалети ќе биде впишано во историјата на фудбалскиот клуб Наполи.

Тој е тренерот кој по повеќе од три децении им го врати сонот на Диего Марадона, сеќавањата на едно време во кое владееше среќа во градот под Везув.

Лучијано Спалети успеа со својата екипа да ја освои титулата во Серија А, а на крајот иако сите очекуваа дека тоа ќе заврши со нов побогат договор за тренерот, тие ќе се разделат.

Спалети веќе најави дека ќе го напушти клубот, откако не се договориле за нова соработка, туку Аурелио Де Лаурентис во тајност ја активирал опцијата на уште една сезона за Спалети под исти услови, што на тренерот не му се допадна.

Но на заминување, тој ги импресионира, односно ги „купи“ фановите во Неапол за цел живот. Си направи на левата рака тетоважа со грбот на клубот, тоа ќе биде потег поради кој ќе биде запаметен и впишан во клубот со златни букви.