(ФОТО) Сопругата на Меси има омилен тим, ама тоа не е Барселона

Семејството на најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси се наоѓа на одмор на Ибица каде направи групна фотографија за спомен.

Фотографијата потоа на Инстаграм ја објави сопругата на Лео, Антонела која под неа напиша интересна посвета.

„Мојот тим“, порача таа, јасно ставајќи до знаење дека нејзините четворица мажи ѝ се убедливо на првото место.

Меси се очекува утре официјално да го продолжи договорот со Барселона на уште пет години и тоа да биде потврдено на прес-конференција.