(ВИДЕО) СКАНДАЛ во Сплит: Нападнати ватерполисти на Црвена Звезда – скокнале во море за да се спасат

Попладнево на брегот на Сплит се случил сериозен инцидент во кој биле нападнати ватерполисти на Црвена Звезда.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, четири ватерполисти на клубот до Србија во опрема со клупски обележја се решиле слободното попладне да го искористат да испијат кафе на шеталиштетот. Додека седеле, им се доближила група од петмина и почнале да напаѓаат.

Во  обид да се спасат, тројца побегнале додека еден од ватерполистите по неколку удари скокнал во море каде што бил се додека не дошла полицијата да го извади. Видеото од овој настан може да го погледнете ОВДЕ.

Инаку Црвена Звезда е во Сплит сооглед на тоа што гостува во рамки на Регионалната лига кај Морнар.