Кошаркарите на Макаби денеска од 19:00 часот го играа натпреварот против Дарушафака во рамките на Евролигата, но по доаѓањето во Истанбул ги дочека непријатно изненадување.
На стаклото од хотелот во кој беа сместени стоел натписот „Работата ослободува“ (Arbeit macht frei), кој бил познат слоган на нацистите во Втората светска војна при холокаустот, кога Евреите и останатите ги испраќале на работа во логорите на смртта, а истиот слоган бил и се уште е на влезната капија од озогласениот логор Аушвиц.
Крилото на Макаби Џејк Коен го фотографираше овој слоган и го сподели на социјалните медиуми.
Овој слоган, како што рековме, и ден денеска е на капиите од логорот Аушвиц, кој бил најголемиот нацистички концентрационен логор за масовно убивање на Евреите. Според статистиките, во него за време на Втората светска војна биле убиени милион Евреи и уште 100.000 лица од друга етничка и религиозна припадност.