(ФОТО) Скандал на Европското првенство во одбојка: Полјаците монтирале ВАР за да не изгубат

Контроверзен момент се случи на синоќешниот полуфинален натпревар од Европското првенство во одбојка кое се одржува во четири држави, но завршницата е во полскиот град Катовице.

Во дуелот меѓу домаќинот и Словенија беше особено драматично, но победија Словенците со 3-1, откако последниот сет го добија со 37-35. Полјаците два пати преживуваа благодарение на видео-челинџите при што снимките се прегледуваа по 5-6 минути. Словенците на крајот, сепај, триумфираа, но нивните навивачи открија дека снимката е монтирана за противникот да се спаси од пораз во тие моменти.

Од фотографиите може да се заклучи дека навистина се случило тоа, особено од положбата на палците на двете раце на играчот кој е со рацете погоре во блокот, односно кадрите се разликуваат.

Инаку, овој меч имаше и своја предигра. Полскиот селектор, сакајќи да ги омаловажи противниците, пред натпреварот изјави дека не знае кои се тие, а при интонирањето на химната, беше пуштена српската.