(ФОТО) Скандал без преседан: Уапсен олимписки медалист додека купувал кокаин во Париз

Австралиската хокеарска ѕвезда, Том Крејг, човекот кој освои сребро на Олимписките игри (ОИ) во Токио 2021, беше уапсен во средата поради наводно купување кокаин од уличен дилер во Париз!

Светските медиуми јавуваат дека Крејг е уапсен заради поседување еден грам дрога, откако репрезентацијата на Австралија загуби од Холандија со 0:2 во четвртфиналето на ОИ.

„Крег е забележан „во близина на зграда во 9. арондисман, нешто по полноќ. Во притвор е 28-годишен маж, заедно со уште еден маж“, изјавија полицајците кои ги уапсиле.

Неименуваниот продавач бил опишан како 17-годишник, кој „се однесувал како дилер“, рекол извор од обвинителството и наводно носел седум ампули со кокаин, 75 таблети екстази и три грама мефедрон, синтетички амфетамин.

Крејг е австралиска легенда, неговата кариера трае 10-на години и има 101 настап за националниот тим. Тој беше дел од тимот што го освои златниот медал на Игрите на Комонвелтот 2018 година и среброто во Токио.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО