(ФОТО) ШОК: На само 32. години почина екс македонски репрезентативец – одбојкарите се опростуваат

Одбојкарската федерација на Македонија сподели тажна вест во која ја пренесува смрта на Дени Стојчев

Денеска почина Дени Стојчев, поранешен одбојкар на Џио Струмица и на македонската репрезентација во помлади категории.

Стојчев играше на позиција либеро во кадетскиот и во јуниорскиот национален состав, а во матичниот клуб настапуваше до 2009-тата.

Прераната смрт на Дени Стојчев предизвика неверување кај сите во неговиот град и кај пошироката одбојкарска јавност кај нас. Стојчев имаше 32 години.

Во знак на сеќавње и последен поздрав, на социјалните мрежи некогашните негови соиграчи, а сега наши репрезентативци, Никола Ѓоргиев и Владо Милев се простуваат.