(ФОТО) Садио Мане синоќа беше почестен како ретко кој во фудбалскиот свет

Баерн конечно покажа дека е способен да ги доведе најдобрите играчи на директен конкурент на европско ниво.

Со доведувањето на Садио Мане за 32 милиони евра, Баварците го реализираа еден од најзвучните трансфери ова лето.

Мане не ја криеше среќата и задоволството поради потписот за најтрофејниот германски клуб, а повеќе од подготвен и мотивиран за нови предизвици.

По претставувањето и запознавањето на градот, Баерн на Мане му укажа чест што ретко на кој фудбалер на овој клуб му се доделува.

Имено, надворешната страна на Алијанц Арената беше обоена во црвена боја, додека презимето на Мане беше напишано со бели букви.

Со овој потег Баварците решија да го купат дополнително еден од најдобрите играчи на денешницата и нема сомнеж дека им успеа.