(ФОТО) Роналдо нокаутира девојка

Натпреварот меѓу Јанг Бојс и Манчестер Јунајтед во Берн почна со еден немил настан во кој во главна улога беше Кристијано Роналдо.

Додека се загреваше, Португалецот силно шутна кон голот, но го промаши и топката заврши во главата на една девојка од обезбедувањето. Роналдо веднаш притрча да види како се чувствува, глетката не беше баш најубава.

Несреќната девојка прво се онесвести, но подоцна со помош на лекарите стана и продолжи да работи.