(ФОТО) Роналдо нокаутира девојка, ама потоа направи феноменален гест

На загревањето од натпреварот против Јанг Бојс, Кристијано Роналдо ненамерно удри девојка од обезбедувањето на стадионот во Берн по што таа се онесвести и беше потребно да реагира лекарскиот тим.

За среќа, немаше последици, а по звршувањето на натпреварот Португалецот најде начин да се извини за белјата што ја направи.

Иако Јунајтед загуби, тој дотрча до девојката и ѝ го подари својот дрес со кој таа подоцна и позираше.