(ФОТО) Роналдо има нова фризура, побара дозвола од навивачите

Кинеското опавче изгледа дека е минато за Кристијано Роналдо кој во продолжение од сезоната изгледа ќе има нов имиџ.

Денеска на Инстаграм, Португалецот ја покажа фризурата која најверојатно ќе биде негов заштитен знак во иднина. За секој случај, побара мислење, односно одобрување од своите фанови кои на Инста ги има над 220 милиони.

View this post on Instagram

Approved ? 🤔

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano) on

Неодамна Роналдо се врати во Торино и веќе тренира со својот тим за планираното продолжение од Серија А, на 13 или 20 јуни.