(ФОТО) Роналдо ефект: Јанг Бојс во Берн не се победува

Вторпат во својата кариера, Кристијано Роналдо гостува кај Јанг Бојс во Берн и вторпат губи со идентичен резултат, 1-2.

Првиот пат тоа се случи во неговата дебитантска сезона во дресот на Јувентус (2018/19) кога „бјанконерите“ гостуваа во швајцарската престолнина. Мечот немаше никакво значење за торинскиот тим бидејќи веќе го имаше забетонирано првото место на табелата, но Роналдо мораше да игра за да брка голови и рекорди. На крајот не успеа да постигне гол, а Јувентус загуби.

Вториот меч е овој вечерашниов кој е од првото коло на новата сезона во Лигата на шампионите, па со тоа има и големо значење. Сега Роналдо погоди, но Јунајтед ја доживеа судбината на Јувентус од пред безмалку три години.