(ФОТО) Ристо Вуков со пол-позиција ја отвори сезоната – Македонецот блесна уште на стартот

Еден од најдобрите млади македонски автомобилисти, Ристо Вуков со пол-позиција ја отвори новата сезона на кружни патеки во рамки на отворениот шампионат кој се возеше во соседна Србија.

Вуков денес на квалификациите возени на стазата Берановац во Краљево постави најдобро време со што дојде до пол-позицијата во категорија Југо до 1150 хибрид.

Нашиот Вуков беше единствен Македонец во категорија на 19 натпреварувачи во својата категорија, но едноставно беше недофатлив за конкуренцијата.

Воедно Вуков е и актуелен бранител на титулата во оваа конкруенција со оглед на тоа што минатата сезона го освои шампионатот.

Утрешната трка на која ќе оди на нова победа се вози од 12 часот. Воедно за Вуков ова е загревање за она главното што следи. Тој сезонава потпиша и ќе вози во Порше карера Купот, а првата трка на програмата е во Италија, закажана за 19 јули.