(ФОТО) Рико со симулатор се загрева за Валелунга пред заминувањето за Италија

На 19-ти и 20-ти септември на програмата е четврттата рунда од Порше Карера ГТ3 Купот на Италија која ќе се вози на патеката во Валелунга.

За Ристо Вуков Рико како и на претходните трки во Мизано, Муџело и Имола, така и Валелунга ќе биде нешто ново и за првпат ќе вози на оваа патека.

Поради тоа, за што подобро да ја запознае патеката во Валелунга изминатиот период Рико активно се подготвуваше за што искористи и симулатор.

Рико ја учеше стазата и виртуелно се запозна со истата, а покрај тоа работеше и на физички план со цел што подобро да го дочека новиот предизвик.

Веќе утре Рико заминува за Италија каде што во четврток го очекува своето прво појавување во Валелунга за време на слободните тренинзи.

„Според информациите тоа е доста техничка стаза, со само една брза кривина и доста нерамна, истрошена патека“, истакна Рико.

Редакцијата на Спортклуб дозволува превземање на овој текст.