(ФОТО) Релито Дакар започна со СТРAШНИ сцени: Гореше автомобил

Овогодинешното издание на релито Дакар за првпат се одржува во Саудиска Арабија,а првата етапа на програмата беше денес.

Доста ситуации ја одбележа првата етапа, но ниту една не беше подеднакво спектакуларна и брутална како пожарот на автомобилот на Ромаин Думас.

Францускиот возач стоеше беспомошно и гледаше како возилот во потполност гори, па така неговиот настап на третото за него рели Дакар траеше само 65 километри.

Фотографиите од пожарот говорат се – густиот и црн чад можеше да се види од километри одалеченост.

Меѓутоа најважно во се е што Думас и неговиот совозач Александре Винок поминаа без повреди.