ФОТО: Реал тренира со полна пареа – ќе бидат ли Азар и Винициус „проблемот“ на Зидан?

Реал Мадрид ги продолжува своите подготовки за преостанатиот дел од сезоната, за кој сега е најавено дека ќе се случи дефинитивно на 8 јуни.

Деновиве се појавија и првите информации на шпанските медиуми дека се случил и една мини расправија меѓу двајцата играчи на „кралскиот клуб“, помеѓу Еден Азар и младиот Винициус Јуниор.

АС пишува дека Зинедин Зидан ќе биде донесен пред свршен чин, односно дека по брза постапка ќе мора да го запре тоа ривалство или било каква зла крв доколку ја има, и тоа да се случи пред најавениот рестарт на сезоната.

Зидан претходно во неколку интервјуа потенцира дека според него Винициус и Азар имаат идентичен стил, па по тој „дифолт“ можеби и ќе му биде тешко да ги состави во ист тим, односно и двајцата да ги вметне во првиот тим.