ФОТО: Реал отворено тргна во лов по ѕвездата на Ливерпул

По доаѓањето на Зидан во Реал Мадрид повторно, главна тема и дилема во градот и меѓу нивните навивачи, ќе биде да прогнозираат до лето кој играч ќе го купи Зидан за „кралевите“.

Иако се повеќе се шпекулира за Азар од Челси, од тоа нема уште ништо конкретно, додека работите се забрзуваат за трансфер желбата на Зизу од Премиерлигата.

Зидан бил импресиониран од целовитоста во играта на Садио Мане од Ливерпул, неговата експлозивност и упорност во дуелите против останатите екипи.

Марка веќе за тоа отворено пишува, а во минатото кога и да се пишуваше за некоја шпекулација, Реал веднаш се огласуваше дека такво нешто не постои и слични работи.

Но сега работите се веројатно различни, од Реал нема реакција за денешната објава на Марка за тоа дека Зидан како прв трансфер по секоја цена ова лето го носи Мане.

Играчот на Ливерпул е еден од клучните за Јирген Клоп, па вистинска дилема е дали англискиот клуб ќе се реши да го продаде и која цена би била соодветна за негов трансфер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се одмотува клопчето: Погба побарал да почне преговори со Реал

Навивачите на Ливерпул се фанови по порачка – по Јунајтед сега навиваат за друг

Нова жртва и трагедија во семејството Сала: Ништо не е веќе исто за нив овие неколку месеци

Адебајор раскажа анегдота: Како Мурињо беснееше во соблекувални поради Роналдо

Силна најава на Скај Спорт: Азар и Погба во пакет кај Зидан

Вирусот повторно актуелен – Рој Кин анализира што ќе му направат на Оле Солскјер

Јанев до пред неколку месеци беше незаменлив во Беласица, а пред него сега е најважната животна битка

Тито Виланова на шест дена пред смртта го повикал Меси и со својот потег ја спасил Барселона

Првиот фудбалер кој летово ќе го напушти Јунајтед, ќе се пресели во Арсенал?!