(ФОТО) Работата сега е ГОТОВА: Вардар го загуби еден од најдобрите ракометари сезонава

Она што беше најавува, сега доби и официјална потврда. Еден од најдобрите ракометари на Вардар сезонава, Жереми Тото го напушта клубот.

Французинот по крајот на сезоната си оди од Скопје и се враќа во Франција каде парафираше на три години со тимот на Нант.

Тото сезонава е еден од најдобрите поединци во редовите на Вардар, игра добро и во одбрана и во напад, па го привлече вниманието на бројни клубови од Германија и Франција.

На крајот Тото се реши за тимот на Нант каде доаѓа како замена за Пашмалбек кој замина во Веспрем.

„Многу сум среќен што потпишав за Нант, клуб кој совршено се вклопува со моите вредности и мојот темперамент. Тоа е амбициозен клуб кој се развива неколку години, и веќе се прослави на меѓународната сцена“, кажа Тото.