(ФОТО) Протече фотка од изгледот на шампионскиот прстен на ЛА Лејкерс

Со освојувањето на титулата во НБА, ЛА Лејкерс се изедначија со Бостон Селтикс. Двете франшизи го освоија најсилното кошаркарско натпреварување по 17-ти пат.

Секој кошаркар сонува да освои НБА прстен кој е различен од шампионската титула затоа што останува за цел живот, нешто како олимписки медал.

Традицијата во НБА лигата е играчите на новиот шампион да ги добијат прстените на првиот натпревар од новата сезона, а оние што во меѓувреме го сменија клубот, ќе го добијат истиот во друга прилика.

Тоа ќе биде случај и со кошаркарите на Ла Лејкерс кога ќе започне сезоната 2020/21 и сигурно ќе биде посебен ден за сите.

Фотографиите од прстенот, кој има непроценлива вредност, веќе протекоа. Не во пари, туку во симболика бидејќи тоа е прстен освоен во чест на легендарниот Коби Брајант. Во средина е трофејот Лери О’Брајан.