(ФОТО) Пристигна петорката интернационални засилувања во Металург

Металург продолжува со тренизи во мали групи во сала. Од екипата од Автокоманда преку својот официјален веб сајт вечерва информираа дека конечно се екипира.

Во текот на викендот пристигнаа сите странци, меѓу кои и нови петмина ракометари, кои ја засилија екипата во текот на ова лето.

Утрешниот попладневен тренинг Металург ќе го одржи на фудбалското игралиште во Автокоманда во комплетен состав. Тренингот ќе почне во 18.30 часот.

Опремата на клубот од Автокоманда ја задолжија Србите Потиќ и Рниќ, Црногорецот Канкараш, Хрватот Хорват и Босанецот Тарабокија