(ФОТО) Прекрасен момент по мечот: Пандев во прегратка на Шевченко

Македонија загуби од Украина во вториот натпревар од Европското првенство со 2:1, а нашиот капитен Горан Пандев постигна погодок кој беше поништен поради сантиметарски офсајд.

Во првото полувреме Украина целосно не надигра, но во второто полувреме избраниците на Ангеловски тргнаа похрабро и поофанзивно, но тоа на крајот не ни донесе ниту реми.

Сепак, навивачите на македонската репрезентација со громогласен аплауз ги поздравија нашите фудбалери, а честитка до капитенот Пандев за храбрата игра пристигнаа од селекторот на Украина, легендарниот Андриј Шевченко.

Овој момент, во кој двете легенди на италијанскиот фудбал беа во прегратка беше овековечен од страна на фоторепортерите. По ова, Шевченко им честиташе и на останатите репрезентативци на Македонија.