Откако во вторник се одиграа последните натпревари од групната фаза во Лигата на нации (ЛН), дефинирани се барабаните во кои ќе се најдат селекциите на квалификациската ждрепка (на 13 декември) за Светското првенство (СП), што во 2026 година ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Во првата, најквалитетна група се 12 селекции, меѓу кои се европскиот првак, Шпанија, Англија, Германија, Португалија, Франција, Италија, Холандија, Данска, Белгија…
Во вториот барабан се Украина, Шведска, Турција, Велс, Унгарија, Србија, Полска, Грција, Романија, Словачка, Чешка и Норвешка. Во третиот се Шкотска, Словенија, Ирска, Албанија, Македонија, Грузија, Финска, Исланд, С. Ирска, Црна Гора, БиХ и Израел.
Во четвртата група според ранкингот се Бугарија, Луксембург, Белорусија, Ерменија, Косово, Казахстан, Азербејџан, Естонија, Кипар, Фарски Острови, Летонија и Литванија, додека во последниот барабан ќе се најдат Молдавија, Малта, Андора, Гибралтар, Лихтенштајн и Сан Марино.
It's been a wild ride.
We hope you've enjoyed it like we have. 😎 pic.twitter.com/wrvs1WNdfT
— Football Meets Data (@fmeetsdata) November 19, 2024
Со оглед на тоа дека се очекуваат четвртфиналните мечеви во ЛН и дека можат да се пласираат на фајнал-форот, сите селекции од првиот барабан, освен Белгија, ќе бидат заменети на ждрепката со парчиња хартија на кои ќе пишува „победник“ и „губитник“ од четвртфиналето на ЛН.