(ФОТО) Познат е новиот менаџер на Јунајтед – Ерик Кантона!?

Легендарниот француски фудбалер Ерик Кантона пренесе ексклузивна иннформација дека тој ќе биде нов менаџер на Манчестер Јунајтед.

„Здраво, пријатели, сакам на сите да ви пренесам дека јас ќе го водам Јунајтед. Подоцна ќе ги соопштам имињата на моите помошници. Се гледаме наскоро“, рече Кантона во своето обраќање, очигледно сатирично.

Претстојните часови ќе покажат која била целта на оваа објава на Кантона.