(ФОТО) Повредата е минато за Столе, капитенот на Вардар се враќа уште посилен

Капитенот на европскиот шампион Вардар и македонски ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов, поради повреда на коленото беше подлегнат на операција од која сега успешно се опоравува.

Болките се веќе минато и тој веќе од утре ќе може да започне со вежби и со физикална терапија информираа од болницата „Аџибадем Систина“, а сподели и РК Вардар преку социјалните медиуми.

„Проблемите со коленото се веќе минато за Столе Стоилов. Неколку дена по операцијата капитенот на RK Vardar на денешниот контролен преглед ни откри дека се чувствува одлично и дека е среќен што повеќе ја нема болката која му ги отежнувала секојдневните активности. Докторите, пак, велат дека интервенцијата поминала во најдобар ред, а веќе од утре Столе може да почне со вежби и физикална терaпија, коишто ќе потпомогнат за побрза рехабилитација. Му посакуваме брзо опоравување и што поскоро враќање на терените“, порачаа од болницата каде Стоилов го оперираше коленото.

Стоилов подолго време мака мачеше со повредата на коленото, а по завршувањето на сезоната одлучи да замине под нож, откако претходно го одигра мечот против Турција во квалификациите за ЕП 2020, а го пропушти мечот со Грција токму поради неопходната хируршка интервенција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осумина денес парафираа нова верност кон „работниците“

Пановски го објави списокот за ЕХФ шампионатот во Италија

Металург се засили со нов Грузиец -Кбилашвили: Доаѓам во земја во која ракометот е спорт број еден

ВАРДАР ИМА СЕ: Титула, најдобри играчи и – АСИСТЕНЦИЈА НА СЕЗОНАТА!

Директорот на Вардар за новот засилување: Иако е млад, препознавме квалтет кој очекува да доби и потврда

Европскиот шампион со ново засилување: Вардар се засили со Словенец

Голема трагедија во Полска: Ракометарка од Русија се удави во езеро

Конечно: Ракометарите на плажа на последниот меч до прва победа

Голот на Металург ќе го брани екс чуварот на Вардар