(ФОТО) Поршето на Рико со освежен лик – сега изгледа уште помоќно

Пред македонскиот автомобилист Ристо Вуков Вуков викендов е нов предизвик во силниот Порше Карера ГТ3 Куп на Италија. Нашиот автомобилист тестира и максимално сериозно се подготвува за втората трка од сезоната во Порше Карера ГТ3 Купот на Италија кој се вози на славната стаза во Мисано која го носи името Марко Симончели.

Возилото на Рико кој вози за тимот на ГДЛ Рејсинг е подготвено на високо ниво, со што има максимални услови за борба за уште подобар пласман во однос на деби трката во Муџело пред два викенди.

Во пресрет на трките кои што се викендов, возилот0 на Рико доби нов, освежен дизајн, па сега автомобилот Порше Карера кој го управува нашиот автомобилист изгледа уште помоќно, секако на визуелен план.

Како што е познато, утрешната прва трка ќе е ноќна и ќе се вози под рефлектори, а истата е на програмата од 22:00 часот. Претходно, во саботата ќе се возат квалификациите. Првата рунда е од 11:30 часот до 12:00 часот (ПК1), додека втората (ПК2)од 12:05 до 12:15 часот.

Втората трка пак на стазата во Мисано ќе биде на програмата во недела, со почеток од 12:50 часот. Двете трки, како онаа ноќната во сабота со почеток од 22:00 часот, така и неделната од 12:50 часот ќе може да се проследaт во живо на МРТ3.

Редакцијата на „Спортклуб“ дозволува превземање на овој текст.