(ФОТО) По Борозан, денес уште двајца екс вардарци позираа за новите клубови

По Вуко Борозан кој утрово беше претставен во нов ракметар на Веспрем, уште двајца екс ракометари на Вардар парафираа и позираа во новите клупски бои.

Пикерот, Глеб Калараш и официјално  беше промовиран како ново засилување на Мотор од Украина, клубот за кој настапуваше и претходно.

Трансферот на човекот кој вршеше голема работа во одбраната на од Вардар во Мотор Запорожје беше претходно договорен кога европскиот шампион беше во незавидна ситуација. Денеска само беше официјално претставен како ново засилување на украинскиот тим

И Јања Војводиќ денес пристигна во Романија каде ќе го носи дресот на Баја Маре.

Српскиот интернационалец освен Вардар во Македонија играше и за Металург, но и за  Врбас, Пуенте Хенил, Ал Сад и Сласк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Селекторот Брестовац направи три измени за дуелот против Грција

(ВИДЕО) Сестрите се ХИТ: Промовирана во целост песната посветена за Вардар

(ФОТО) Момир Илиќ во Вардар !?

Писонеро: Во Вардар доаѓам со јасна цел!

Вардар и во новата сезона ќе биде дел од ЛШ – место бараат уште две наши екипи

Столе успешно опериран – Брестовац ќе го нема на располагање против Грција

Објавено како до карти за Македонија – Грција: Мора да бидете брзи

Се случува и тоа во спортот – Грција вечерва и направи огромна услуга на Македонија

(ВИДЕО) Турците направија „пеколна“ атмосфера – Македонија на крај ги замолкна