ФОТО: Ова е најголемиот малер во Аргентина – дечкото со тетоважата

Славниот Диего Марадона, пред само два месеци седна на клупата на Гимназија ла Плата, но пред некој ден веќе замина од тој клуб.

Поради големата љубов кон Марадона, еден од навивачите на споменатиот клуб, решил да направи тетоважа на себе со ликот на Марадона, а ден подоцна дојде веста дека тренерот ги напушта.

Голема е веројатноста дека овој навивач ќе пожали поради тетоважата која решил да ја стави, бидејки веднаш утредента Марадона ги напушти.

Гимназија е моментално на скромното 22 место, во конкуренција на 24 тимови и се бори за да опстане во првенството.