(ФОТО) Откако се појави во дресот на Војводина, цел стадион гледаше во нејзе

Прославата на фудбалерите на Војводина по повод освојувањето на вториот трофеј во Купот на Србија во историјата на клубот го привлече вниманието на граѓаните на Нови Сад, а особено се истакнуваше еден детал.

Ова е убава дама која се појави на атлетската патека на стадионот Караџорџе во специјално дизајниран фустан во боите на нејзината сакана екипа.

Ова е Ивана Смилјаниќ, поранешна портпаролка на Војводина, која не го заборава својот сакан клуб.

Иако повеќе не е вработена во Војводина, атрактивната девојка сепак со голема жар ги следи пулените на Ненад Лалатовиќ, кои ја израдуваа во средата вечерта со триумфот над Партизан во Ниш.