(ФОТО) Олимпија Хале подготвена – се очекува инвазија на „Фалангата“

Спортклуб од Минхен,

Симеончо Стоиков

Македонската ракометна селекција за неполни четири часа ја очекува првиот дуле од групата Б во Минхен на Мундијалот кој што се одржува во Германија и Данска.

„Црвено-жолтите“ за противник во воведното коло ја имаат селекцијата на Јапонија, меч во кој Македонија на хартија влегува како фаворит.

Салата „Олимпија Хале“ е подготвена да ги дочека екипите, но и навивачите. Истата е со капацитет од 12.000 места, а се очекува македонките навивачи – „Фалангата“ за околу еден час да започне да пристига.

Несомнено дека избраниците на Раул Гонзалез ќе имаат одлична поддршка од трибините, како и секогаш.