(ФОТО) Одбојкарите на прием кај Заев: Владата изрази честитки и најави поддршка

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска се сретна со претставници на Одбојкарската федерација на Македонија, предводени од претседателот на Федерацијата, Петар Јовановски.

На средбата, од претседателот и претставниците на Одбојкарската федерација е изразена благодарност за поддршката од премиерот Заев, од Владата и од Агенцијата за млади и спорт. Посочено е дека за една година, за Одбојкарската федерација се наменети значителна сума финансиски средства, како никогаш до сега.

Исто така, претставниците на Одбојкарската федерација на Македонија го посочија како значаен исчекор напред, интересот на премиерот Заев и на Владата да ги слушне предизвиците со коишто се соочуваат спортистите и активно да соработува во изнаоѓањето решенија.

Премиерот Заев упати честитки до претседателот на Одбојкарската федерација, Јовановски, до претставниците на Федерацијата, како и до играчите одбојкари, за историскиот успех постигнат годинава со пласманот на Европското одбојкарско првенство.

– Покажавте одличен успех при пласирањето, за тоа изразувам почит кон Федерацијата во име на Владата и во мое име. Имате добри шанси за Европското одбојкарско првенство што ќе се одржи во септември оваа година. Сметајте на поддршката од Владата. Со повеќе мерки, како Влада имаме за цел да го поддржиме спортот, бидејќи нема подобар репрезент на државата од спортот и ништо не зближува повеќе од спортот, рече премиерот Заев.

На средбата се разговараше за начините за поддршка и мотивација на одбојкарите, како што се доделување спортска сала на Одбојкарската федерација, за потребите на развојот на одбојката во Република Македонија, обезбедување соодветни просторни услови за тренинзи, финансиски средства согласно законските прописи, како и за можностите за поголема промоција, како на одбојката, така и на другите спортови во Република Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џио Струмица се пласираше во финале од Купот, па спасувале жива глава во Кичево

(ВИДЕО) Стравични снимки од убиството на рускиот ММА борец: Пијано дете го усмрти на лице место

Вознемирувачко видео: Како „пука“ рака кога ќе подигнете 110 килограми

Тензично е и на одбојкарски натпревари: Во Струмица инцидент во полуфиналето од Купот

Медал за Македонија од ЕП во Букурешт – Егоров го доби домашниот противник

(ВИДЕО) Ужас – гимнастичарка лошо скокна и ги скрши двете нозе

(ФОТО) Мекгрегор жестоко ја навреди сопругата на Хабиб: Поради ова Русинот ќе го убие Конор

(ВИДЕО) ММА борец неколку часа по нокаутот починал во болница

Хабиб се враќа, познат датумот и местото!