(ФОТО) Од КФСМ се пофалија: Нашите кошаркари имаат НБА услови

Нашата федерација се погрижи нашиот најдобар тим да ги има и најдобрите услови за реализација на планот на подготовките за настапите во февруарскиот квалификациски циклус.

Веројатно како никогаш досега, стручниот штаб, играчите и другиот лекарски и технички персонал имаат речиси идеални услови за работа, односно подготовки за овој февруарски „прозорец“ на ФИБА. Она што раководниот тим на федерацијата го најави, е и целосно испочитувано.

Од првиот момент репрезентативците се чувствуваат како да се дел од некој тим од НБА лигата. На располагање ги имаат сите оние потребни услови кои се, односно треба да бидат предуслов за добар резултат во квалификациите.

Селекторот Тодоров и неговите избраници можат мирно да ги реализираат планираните активности во овие десетина дена во кои следуваат и натпреварите од „Б“ квалификациската група, со Естонија (20.февруари), односно Русија (23.февруари).