(ФОТО) Нов скандал на Ѓоковиќ – се фотографираше со ракија со ликот на четник

Новак Ѓоковиќ можеби е најдобар тенисер во светот, но оваа година му тргна со скандали на сите полиња.

Откако во екот на пандемијата со корона вирусот, одлучи да организира тениска турнеја, таканаречена Адрија Тур, проследена со забави во дискотеки, а по што се заразија неколку учесници, сега е во центарот на вниманието со нов необмислен потег.

На подарок доби ракија која го носи името Дража, по познатиот четнички лидер Дража Михајловиќ, непопуларен лик на просторите на поранешна Југославија. Тоа предизвика реакција во БиХ и Хрватска каде Ѓоковиќ веднаш беше осуден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Обилић (@obilic.rs)

„Во текот на целата своја кариера, Ноле избегнуваше да биде инволвиран во скандали и провокации. Сега со само една фотографија го уништи она што го градеше долго време, а репутацијата сериозно ќе му биде нарушена“, се вели во анализата на босанскиот портал klix.ba.

Многумина се чудат на ваквото однесување на Ѓоковиќ и тврдат дека долгото отсуство од тениските терени влијае и на неговата психа.