(ФОТО) Нормален ли е Доналд Трамп? Човекот не знае од каде е Канзас Сити!

Канзас Сити Чифс по половина век ја освои титулата во НФЛ, триумфирајќи во Супербоулот против Сан Франциско со 31-20.

Меѓу првите, на успехот честиташе американскиот претседател Доналд Трамп кој веќе влезе во својата последна година од претседателскиот мандат. Но, честитката содржеше неверојатна грешка за која денеска му се смеат на Трамп.

„Честитки за Канзас Сити Чифс на одличниот натпревар и на фантастичниот кам-бек под огромен притисок. Ја презентиравте Големата држава Канзас и, всушност, цели САД на прекрасен начин. Нашата држава е горда на вас“, напиша Трамп.

Можеби тука не би имало ништо чудно да не се знае дека Канзас Сити не е град во државата Канзас, туку во Мисури. Неверојатно е како може американскиот претседател да не знае вакви работи за што доби сочни навреди од своите политички опоненти.