(ФОТО) Неразбирлива провокација во Шведска: Косово е Албанија

Репрезентацијата на Косово вечерва гостуваше во Шведска, а навивачите на нашиот сосед предизвикаа политички скандал.

Во еден момент, на стадионот во Солна се развиори еден транспарент на кој пишуваше „Косово е Албанија“. Домаќините не обрнаа премногу внимание на овој инцидент, па останува нејасно кон кого беше упатена провокацијата, ако се знае дека Шведска е единствена држава од противниците на Косово во групата (Грузија, Грција и Шпанија) која ја признава независноста на оваа земја.

Инаку, Косово загуби со 0-3 и ги загуби сите шанси за пласман во дополнителните квалификации за пласман на Светското првенство.