ФОТО: Неочекуван гостин – Ферари во боксот во Монца имаше посета од – Рамбо!

Во Ферари сезонава владее измешана атмосфера, од едноставна причина што во поголем дел од сезоната на квалификациите имаат добри перформанси, но затоа во трка сето тоа го испуштаат.

Доколку прашате навивач на Ферари сезонава, со нивната стратегија, секој ќе ви каже дека Ферари знае да одигра фантастично во квалификациите, но дека на трка ќе ја оплеска работата.

И денеска Ферари е на пол-позиција во Италија, се вози култната трка во Монца, каде Шарл Леклер ќе тргне од челната позиција, а од гаражата доаѓа фотографија која може само да ги мотивира.

Посебен гостин на тимот од Маранело денеска им е познатиот и славен актер, Силвестер Сталоне, кој стана најпознат од улогите во филмовите Роки и Рамбо.