На најголемата љубовна сапуница во светот на фудбалот ѝ дојде крајот: Ванда Нара потврди дека дефинитивно се разведува од Мауро Икарди.
Таа се огласи преку Инстаграм и објави дека љубовта меѓу неа и новиот напаѓач на Галатасарај е готова.
„Многу ми е тешко и болно во овој момент, но со оглед на мојата изложеност и работите кои ги преминуваат медиумите шпекулации, подобро е тоа да го дознаат од мене. Немам повеќе што да разјаснувам и нема да изнесувам никакви детали за разводот. Ве молам само за разбирање, не само поради мене, туку и поради нашите деца“, напиша Ванда.
Кризата во бракот на оваа двојка веќе една година, односно од минатиот октомври кога медиумите во Франција објавија дека Икарди бил во тајна врска со актерката Кина Суарес. По неколкумесечно затишје, ова лето Ванда крена прашина откако се појави видео како непознат маж ги бакнуца нејзините гради на забава на Ибица.