ФОТО: Нема да верувате со каква фотографија Интер му честиташе на Модриќ

Лука Модриќ сосема заслужено ја понесе и наградата „Златна Топка“ во организација на „Франс Фудбал“. Капитенот на Хрватска и член на Реал Мадрид, денес од сите страни прима честитки за успехот.

На Лука се сетија и од Интер, но оној од Запрешиќ, клуб во кој настапуваше една сезона. Му упатија честитки, но се посрамија со фотографијата која што ја објавија на клупската страница. Како да си играло некое дете на „пеинт“.

На фотографијата, очигледно лошо изработена, Лука Модриќ позира со Сречко Бодан кој во Интер беше тренер сезоната 2005/2006 година, но во клубот на својата страница денес го наведоа како раководител во младинската школа.