(ФОТО) Навивачите на Ливерпул воодушевени: Тренинг маичките се подобри и од дресовите на многу клубови

Ливерпул денес официјално го претстави домашниот сет на дресови за новата сезона.

Како што е познато, Ливерпул ќе го носи Најк од новата сезона откако беше прекината соработката со Њу Биланс. Најк ги воодушеви фановите со дресовите за новата сезона кои навистина изгледаат одлично.

Но, она што остави многумина особено без зборови е опремата за тренинг на клубот од „Енфилд“.

Најк подготви целосно црни маички за играчите на Ливерпул во кои ќе тренираат, а многумина рекоа дека овие маици изгледаат поубаво од дресовите на многу клубови, што е навистина точно.