(ФОТО) Најдоброто за најдобриот: „Најк“ направи специјални копачки за Модриќ

Лука Модриќ пред неколку дена стана првиот хрватски фудбалер кој ја освоил „Златната топка“, најстарата и најпрестижна индивидуална награда во светот на фудбалот.

Играчот за врска на Реал славеше пред поранешниот соиграч Кристијано Роналдо и пред Антоан Гризман кој на крајот заврши на третото место, а со освојувањето на „Златната топка“ воедно влезе и во друштво на легендите како Бекенбауер, Ван Бастен, Матеус…

А кога е така, тој тогаш заслужува посебни копачки за кои, по обичај, се погрижи американскиот производител на спортска опрема „Најк“ кој со Модриќ соработува долги години. Станува збор за копачки под називот „Nike Mercurial Vapor Golden Touch“, кои ќе бидат направени во лимитиран број, поточно, ќе можат да се набават само 1.500 модели.