(ФОТО) Надреални сцени – Охрид вечерва гореше!!!

Навивачката група од Охрид, популарните „Рибари“ денес со дуелите на ФК Охрид против Кораб и на РК Охрид против Тинекс Пролет го слават својот 30-ти роденден.

Како круна на прославата беше спектакуларното пиротехничко шоу по ракометниот дуел. Истото е направено на брегот на Охридското езеро, а првите фотографии делуваат импозантнот.

Над стотина пиротехнички парчиња во исто време беа запалени со што се направи црвена светлина која делува како да гореше.