(ФОТО) Надал и Ѓоковиќ имаа кратка средба на централниот терен на Вимблдон

Во склад со своите години, двајцата тенисери се одлучија за минимални подготовки за Вимблдон, со цел главните сили да ги чуваат за турнирот кој е пред нас.

Надал и Ѓоковиќ имаа средба на терен, прв пат по четвртфиналето на Ролан Гарос на почетокот од овој месец, каде Надал победи и подоцна го освои турнирот во Париз.

Рафаел Надал, заедно со Матео Беретини, доби чест прв пат во историјата на Вимблдон, да тренира на централниот терен на Олд Ингланд клаб, пред натпреварувањето.

Веднаш потоа се појави и Ѓоковиќ и Марин Чилиќ, па имаше краток разговор помеѓу освојувачот на Ролан Гарос и српскиот тенисер.

Ѓоковиќ е бранител на трофејот во Лондон, а со шпанскиот колега иривал може да се сретне дури во финалето, затоа што тие двајца се први носители на турнирот.